Дома Фудбал Останато Што Бартомеу напишал последно во „ВатсАп“ групата на Барселона?

Што Бартомеу напишал последно во „ВатсАп“ групата на Барселона?

Хозе Марија Бартомеу пред неколку дена одлучи да поднесе оставка од местото претседател на Барселона.

Овој потег ги воодушеви навивачите на каталонскиот клуб бидејќи Бартомеу веќе долго време е мета на критики. Клубот во сите сегменти драстично падна, а Бартомеу упорно одбиваше да го напушти претседателското столче.

Но, откако беше изгласана недоверба заедно со останатите членови на управата одлучи да се повлече. Веста за неговата оставка најголем дел од играчите ја прифатија со задоволство, а посебно Меси кој беше во лоши односи со Бартомеу.

„Мундо Депортиво“ денес објави што последно Бартомеу напишал во „ВатсАп“ групата во која се играчите на Барселона.

На неколку дена пред оставката Бартомеу одлучил во групата каде што се сите играчи да му честита на 17 годишниот Педри за голот против Френцварош во Лигата на шампионите.

Педри се заблагодарил на пораката, а Бартомеу после таа порака повеќе не се огласил во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mбапе е воодушевен од Мурињо: Не можеш да станеш Жозе, ако не си таков

Француската ѕвезда Килијан Мбапе ги сподели првите импресии од соработката со Жозе Мурињо …