Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике изјави дека жали што францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе го напушти клубот од Париз и се пресели во Реал Мадрид.
„Килијан е одличен играч и личност која е тешко да се најде кога зборуваме за фудбалери на неговото ниво. Штета е што отиде во Реал“, изјави Енрике за „Мовистар“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мбапе помина шест сезони во ПСЖ и во тој период одигра 308 натпревари во кои постигна 256 гола.
„Ќе мораме да научиме да играме без Килијан. Тоа е нешто што треба да го направат сите тренери“, додаде Енрике, кој додаде дека е во одличен однос со Мбапе.
Францускиот фудбалер оваа сезона одигра осум натпревари за Реал и шест пати се запиша во листата на стрелци.