Вардар вечерва ја започна серијата гостувања во Лигата на шампионите, црвено-црните гостуваа кај Порто во Португалија.
Порто беше фаворит, но Вардар прикажа добра игра и во најголем дел од натпреварот момците на Алушовски беа рамноправен противник. Вардар започна одлично и дојде до +4 (1:5). Сепак во продолжение Порто се врати и се играше гол за гол, па на полувреме се замина со 13:13.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Со една серија од 4:0 Порто на на почетокот од вторите 30 минути направи предност од 17:13. Дојдоа Португалците потоа и до 21:16. Вардар не се предаваше и благодарение одличните интервенции на Ристовски и головите на Дибиров македонскиот претставник се врати во игра.
Во последните две минути од мечот Порто влезе со два гола предност (26:24). Тука Борко имаше една интервенција, а за жал Чупиќ не реализираше на празен гол па пропадна последната шанса на Вардар целосно да се врати во мечот.
На крајот Порто славеше победа со 27:24.
Борко Ристовски го заврши натпреварот со 15 одбрани, додека Дибиров беше најефикасен со девет гола.