Дома Останати Штербик повторно фантастичен, Вардар со победа се враќа од Шведска

Штербик повторно фантастичен, Вардар со победа се враќа од Шведска

Како и што се очекуваше Вардрар од Шведска се враќа со победа, Кристијанштад беше совладан со 23:26.

Вардар во овој момент игра во одлична форма, ова беше петта победа за европскиот шампион во групата „А“, но друга страна надвор од теренот работите не одат како што треба, неколку важни првотимци на црвено-црните на крајот од сезоната ќе го напуштат клубот. Сепак тоа не беше причина за Кристијанштад да не биде совладан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Предводници на Вардар во оваа победа беа Арпад Штербик, Тимур Дибиров, Вук Борозан и Данис Кистопанос. Триото на македонскиот претставник вкупно постигна 21 погодок, додека „откоподот“ Штербик кој минатото коло беше избран за играч на колото забележа 17 интервенции.

Единствен период во кој домаќините беа подобар противник во овој натпревар беа првите десетина минути од средбата кога имаше предност од 5:2, сепак до крајот вардарци ја превземаа контролата, па веќе на полувремето имаа предност од 10:15, за на крајот да слават со резултат 23:26.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…