Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан призна дека исклучително ги цени квалитетите на напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Салах оваа сезона брилјира во дресот на Ливерпул, а медиумите веќе подолго време го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид.
„Салах е фантастичен фудбалер. Тоа го покажа и во Рома, а го покажува и сега во Ливерпул. Се уште е млад и се гледа дека напредува… Не сакам да го зборувам за играчи кои се уште не се во клубот, но Салах е некој кого многу го ценам“, изјави Зидан.
Салах сезонава на 26 натпревари постигна 20 гола во сите натпреварувања, а шпанските медиуми тврдат дека токму тој ќе биде новата аквизиција на Реал Мадрид.