Maкедонскиот шампион Вардар и оваа сезона игра одлично во ракометната Лига на Шампиони.
За црвено-црните следат два натпревари на домашен терен, прво со Мешков Брест, па потоа и со Барселона. Интересот за натпреварот против шпанскиот претставник е навистина огромен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Натпреварот помеѓу Вардар и Барселона е најавуван како спектакл и тоа страна на ЕХФ. Салата на „Јане Сандански“ од поодамна е распродадена и атмосферата ќе биде навистина пеколна.
Поради таква ситуација од Вардар денес се одлучија да пуштат дополнителни 500 влезници за овој натпревар кои ќе бидат по цена од 150 денари.
„Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона пуштени се во продажба дополнителни 500 билети. Истите се за стоење и веќе се пуштени во продажба преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”. Цената на билетите се 150 денари“, стои во соопштението на Вардар.
Вардар и Барселона ќе се сретнат на 11 ноември во 17:00 часот.