Барселона и Атлетико Мадрид се во потрага по квалитетен дефанзивец, а италијанските медиуми тврдат дека на врвот на листата желби е капитенот на Милам, Алесио Ромањоли.
Ромањоли во дресот на Милан се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Европа, па многу европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанскиот репрезентативец има договор со Милан до 2022 година, но е разочаран од моменталната ситуацијата и јавно призна дека сака да игра во Лигата на шампиони.
Барселона и Атлетико Мадрид следното лето ќе водат голема битка за неговиот потпис и се спремни да понудат помеѓу 50 и 60 милиони евра.
Милан изминатите години ги одбиваше сите понуди за Ромањоли и ќе направи се за да го задржи на „Сан Сиро“, но останува да видиме дали ќе одолее на „нападите“ од шпанските гиганти.