Фудбалската репрезентација на Шпанија се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри откако во Токио славеше против Брегот на Слоновата Коска со 5:2.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Видовме еден возбудлив натпревар, а на крајот Шпанија со многу среќа се избори за продолженија каде што го разби противникот.
Ерик Баи во 10. минута ја доведе Брегот на Слоновата Коска во водство, Олмо изедначи после половина час на 1:1. На најголемите возбудувања се чекаше до 90. минута. Гардел во првата минута од судиското продолжение погодува за водство од 2:1 на БСК, но Шпанија се спаси во последен момент.
Само што влезе во игра Рафа Мир погоди за 2:2, потоа во продолженијата „Фуријата“ доминираше и дојде до конечни 5:2.