Како што пренесува „Кадена СЕР“ Барселона е минато за офанзивецот.
Жерар Делофеу се врати во Барселона минатото лето, управата ја искористи и за 12 милиони евра го врати во своите редови, но Делофеу не се снајде по враќањето и во јануари беше испратен на позајмица во Вотфорд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Добро го започна вториот дел од сезоната, но потоа следуваше повреда. Сега се опорави од повредата и се надева дека добро ќе ја заврши сезоната. Сепак, во Барселона нема да се врати.
„Јасно е дека нема да се вратам во Барселона. Не верувам дека тренерот сака да се вратам, а од Вотфорд ми е кажано дека сум пожелен тука. Не можам да кажам што ќе се случи, но морам да бидам трпелив, сега се опоравив од повредата и се надевам дека сезоната ќе заврши добро за мене. Морам да останам смирен и да носам правилни одлуки. Враќањето во Барселона не е реалност“, изјави Делофеу.