Дома Останати Кошарка НБА Шоу на Харден: 60 поени за 31 минута! (ВИДЕО)

Шоу на Харден: 60 поени за 31 минута! (ВИДЕО)

Во текот на ноќта во НБА лигата беа одиграни четири натпревари, а ноќта ја обележи Џејмс Харден.

Харден го предводеше Хјустон до убедлив триумф над Атланта Хокс (158:111). За ѕвездата на тимот од Тексас тоа ен ајдобар учинок во сезоната после кој им се приклучи на Коби Брајант и Клеј Томпсон како единствен кошаркар кој постигнал 60 поени за три четвртини.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Домаќините после 12 минути беа на +17 и така го најавија тежкиот пораз кој беше десетти во низа за Хокси. Третата четвртина Хјустон ја доби со дури 25 поени разлика (46:21). Конечниот резултат гласеше 158:111, најдобар кај поразените беше Трае Јанг со 37 поени.

До убедлив триумф стигнаа и Милвоки Бакс кои го победија Шарлот со 137:96. Одличен натпревар одигра Антетокумпо кој уфрли 26 поени. Најефикасен кај Шарлот беше Грахам со 24.

До третиот триумф во низа стигна и Филаделфија. Тие на домашен парткет ја победија Индијана со 119:116. Натпреварот како што покажува резултатот беше изадначен и одлучен во последните секунди. Филаделфија до победа ја водеше Џоел Ембид со 32 поени и 11 скокови.

Денвер во натпреварот кој се одигра нешто порано после голем пресврт претрпе пораз на гости кај Сакраменто со 100:97

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Казнет навивачот кој го бакна Роналдо

Репрезентацијата на Португалија го загуби пријателскиот натпревар против Словенија, а на о…