Шампионот на Велс, екипата на ТНС е првиот противник на македонскиот шампион Шкендија во Лигата на шампиони.
Сопственикот на ТНС, Мајк Харис заедно со уште тројца пријатели денес пристигна во Скопје и имаше свое шоу пред стадионот „Филип Втори“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, тој направи цела фотосесија пред националниот стадион и така го најави утрешниот меч со Шкендија во лигата на шампиони.
Мајк Харис четири дена патуваше до Скопје, а последните два дена беше во Хрватска, каде славеше за победата на „коцкестите“ против Русија.
Ladies and gentlemen, we give you the Dancing Croatian Chairman. pic.twitter.com/UnkLRxJzEV
— The New Saints FC (@tnsfc) July 7, 2018