Дома Фудбал Англија Шок за Челзи: Младата ѕвезда се здоби со повреда од која може никогаш во целост да не се опорави!

Шок за Челзи: Младата ѕвезда се здоби со повреда од која може никогаш во целост да не се опорави!

Челзи вчера на „Стенфорд Бриџ“ одигра 2:2 против Барнли и така пропушти прилика да стигне до третата позиција на табелата.

Во тој натпревар младата ѕвезда на „сините“ Калум Хадсон Одои поради повреда мораше да го напушти натпреварот во 41-та минута, а навивачите на Челзи денес добија многу лоши вести.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Имено, младиот играч претрпел пукнатина на Ахиловата тетива и ќе го пропушти остатокот од сезоната. Оваа повреда доаѓа во најлошо време за Одои кој во последно време започна да добива се повеќе шанси во првиот тим на Челзи.

Челзи и понатаму се бори за да обезбеди место во Лигата на шампионите наредната сезона, а исто така играат и во полуфиналето од Лигата на Европа против Ајнтрахт.

Оваа повреда може да биде многу незгодна и истата ја имаа попознати играчи, Лоран Кошчиелни, Дејвид Бекам, Санти Казорла, Јармоленко

Опоравувањето може да трае многу долго, дури и до шест месеци, а некои статистики во Америка покажале дека две третини од спортистите никогаш во целост не се опоравиле од оваа повреда.

Во продолжение следуваат деновите кои им беа потребни на играчите да се вратат на теренот после ваква повреда.

Јармоленко – 184 (се уште има проблеми)

Браво – 245 (се уште има проблеми)

Кошчиелни – 207

Лерој Фер – 189

Натан Дајер – 222

Останува да видиме каква ќе биде ситуацијата со Одои, прогнозите не се оптимистички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …