Една од најголемите ѕвезди на ПСЖ, Килијан Мбапе го информирал раководството на клубот дека сака да биде продаден ова лето, тврдат шпанските медиуми.
Шпанскиот ТВ канал „Ел Чиринкито“ објави дека младиот Французин побарал од својот клуб да биде ставен на трансфер листата бидејќи сака да го напушти ПСЖ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информацијата, татко му, кој е и негов агент веќе се сретнал со Флорентино Перез, кој не ја крие желбата да го донесе Мбапе на „Сантиаго Бернабеу“.
Пред еден месец 20-годишниот Мбапе изјави дека не знае каде ќе ја продолжи кариерата и дека сака да има поголема одговорност, ако не ја добие во ПСЖ, ќе ја побара во друг клуб.
„Ова е доста важен момент за мене, дојдов до една значителна точка во мојата кариера, собрав големо искуство тука, чувствувам дека ова е моментот да преземам многу поголема одговорност“, изјави тогаш Мбапе.
„Ел Чиринкито“ тврди дека Французинот е во лоши односи со Нејмар и тренерот Томас Тухел, па поради тоа побарал веднаш да биде продаден.
Kylian Mbappé has reportedly handed in a transfer request as he seeks a move away from PSG. (Source: El Chiringuito) pic.twitter.com/yERrx7HUk2
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 5, 2019