Дома Топ вести Шок за навивачите на Манчестер Јунајтед: Де Геа нема да добие нов договор!

Шок за навивачите на Манчестер Јунајтед: Де Геа нема да добие нов договор!

Шпанскиот голман Давид Де Геа нема да добие нов договор во Манчестер Јунајтед.

Овој 28 годишен чувар на мрежата има договор до летото наредната година. Спремен е да остане во клубот, но само ако раководството му понуди 500.000 фунти неделно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако важи за еден од најбогатите клубови во светот, Манчестер Јунајтед нема да му понуди толку пари. Нивната понуда е 350.000 фунти неделно и скоро сите поголеми спортски медиуми во Англија тврдат дека понудата нема да биде зголемена.

Првиот човек на клубот Ед Вудворд му соопштил на Де Геа дека нема да ги исполни неговите барања, а тоа скоро сигурно значи дека ќе биде продаден ова лето.

Екипата од „Олд Трафорд“ наводно веќе бара нов голман. Засега двајца се поврзуваат со трансфер во овој тим, а според информациите прва желба бил Јаспер Силесен.

Холанѓанецот одлучил да ја напушти Барселона после три години поради малата минутажа и би можел да заврши во Манчестер Јунајтед кој е спремен да понуди 25 милиони евра.

Исто така, опција за Манчестер Јунајтед е и голманот на Реал Мадрид Кејлор Навас, но засега „ѓаволите“ се многу поблиску до доведување на Силесен.

Кога во прашање е Де Геа тој најмногу се поврзуваше со Пари Сен Жермен кој е спремен да ги исполни неговите барања, а на Манчестер Јунајтед би можеле да му понудат 60 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …