По долга пауза Ник Кирјос се врати на терените, но доживеа пораз во само 70 минути на турнирот во Штугарт.
Подобар од Кирјос беше Кинезот Ву кој го победи во два сета со 7:5 и 6:3.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На Австралијаецот тешко му падна овој пораз, па влезе во расправија со судијата поради бојата на пешкирот. Од некоја причина Кирјос во еден момент побара двата пешкири да му бидат бели.
„Сакам бели пешкири за да играм. Тоа не е мој спонзор, донеси ми те молам бели. На секој турнир си гледаат само за себе (спонзорите), конечно треба да размислат малку и на нас играчите“, му зборувал Кирјос на судијата.
За Кирјос ова беше прв меч по пауза од пет месеци, а очигледно според она што го прикажа на теренот ќе му треба да време да се врати во вистинската форма.