Дома Фудбал Останато Шок за Динамо: Арјан Адеми мора на операција!

Шок за Динамо: Арјан Адеми мора на операција!

Лоши вести пристигнуваат за хрватскиот претставник во Лигата на Европа, Динамо Загреб.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Лекарската служба во договор со Адеми одлучи на македонскиот фудбалер да му биде извршен оперативен зафат поради кој Адеми не ќе може да настапи во двата натпревари против Португалците. Опоравувањето би требало да трае три недели.

Ова е вистински шок на Максимир. И додека целиот град е на нозе поради одличните резултати на Динамо, додека се бара влезница повеќе за Бенфика (стадионот е скоро распродаден) од лекарскиот тим пристигнуваат лоши вести. Динамо двата натпревари во осминафиналето против Бенфика ќе ги игра без капитенот Арјан Адеми.

Македонскиот фудбалер со месеци чуствува болки кои со време станале се посилни. Пред натпреварот против Викторија Плзен лекарската служба му советувала рутинска операција за да се реши проблемот, но Адеми не сакаше да го остави клубот во важниот натпревар и играше инсистираше да игра под инекции.

Но, откако болките станале неиздржливи оперативниот зафат поради кој Адеми ќе ги пропушти натпреварите против Португалците бил неизбежен.

Опоравувањето како што споменавме би требало да трае три недели и Адеми на Динамо би требало да му биде на располагање во евентуалното четвртфинале во Лигата на Европа. Освен Адеми треба да се истакне и дека Динамо би можел и да остане без Изет Хајровиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Капело брутално искрен: Роналдо го интересираа само жени и журки, Касано правеше глупости

Познатиот Фабио Капело во својата богата кариера тренираше многу големи ѕвезди, а со спорт…