Иднината на Бернардо Силва во Манчестер Сити е неизвесна, а Португалецот и минатото лето размислуваше да ја промени средината.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бернардо Силва оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, а откри дека минатото лето размислувал да ја промени средината.




Португалецот призна дека му се допаѓа идејата да се пресели во Примера, бидејќи така ќе биде поблиску до семејството.




Португалските медиуми пренесуваат дека Силва на лето би можел да побара трансфер и да ја промени средината.




Бернардо Силва има договор со Сити до 2025 година, а „граѓаните“ сигурно нема лесно да се откажат од него и ќе направат се за да го задржат.