Дома Фудбал Италија Шок во Неапол, Милан одржа час по фудбал🎥

Шок во Неапол, Милан одржа час по фудбал🎥

Милан помалу изненадувачки го декласира Наполи со 4:0 на стадионот „Диего Марадона“ во натпревар од Серија А.

Ова е прв од трите меча кои двата ќе ги одиграат за десетина дена, а Наполи важеше за голем фаворит.

Меѓутоа, Милан целосно го надигра лидерот и од самиот старт најави дека е дојден по трите бода. Леао и Брахим Дијаз погодија за високи 2:0 во првото полувреме.

На стартот на вториот дел Наполи тргна фуриозно, но „росонерите“ го неутрализираа налетот на домаќините и прекуконтранапад зголемија на 3:0.

Конечните 4:0 ги постави Салемакерс, откако ја измеша целата одбрана на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн Минхен го разгледува Ник Попе како замена за Нојер

Баерн Минхен размислува за ангажман на голманот на Њукасл Јунајтед, Ник Попе, како дел од …