Дома Трансфер зона Шок во Мадрид: Јовиќ може да биде позајмен!?

Шок во Мадрид: Јовиќ може да биде позајмен!?

Реал Мадрид имаше лош припремен прериод и навивачите стравуваат да не им се повтори кошмарната сезоната, а „Марка“ денес пишува дека Зидан би можел да направи големо изненадување пред стартот на сезоната.

Стартот на сезоната во Ла Лига е закажан за викендот кој следи, а „кралевите“ ќе играат против Селта Виго.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес шпанска „Марка“ објави дека Зинедин Зидан бил разочаран од она што го видел од Лука Јовиќ кој пред само два месеци беше платен 62 милиони фунти на германски Ајнтрахт.

„Марка“ оди толку далеку што најавува дека Зидан е спремен да се откаже од услугите на Јовиќ за оваа сезона и да го испрати на позајмица во некој клуб од Ла Лига со цел 21 годишниот напаѓач да стекне искуство со играње во Шпанија.

Оваа одлука е навистина изненадување посебно поради информациите на медиумите кога Јовиќ пристигна во Мадрид кога се пишуваше дека во клубот биле воодушевени од неговите физички предиспозиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…