Вардар загуби на гости кај ППД Загреб со 25:22, но сепак, поради предноста од првиот меч од четири гола (24:20), успеа да се пласира на Фајнал фор турнирот на регионалната СЕХА лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Меѓутоа, Вардар нема да игра на завршниот турнир кој викендов ќе се одржи во Задар, поради позитивни случаи на Ковид-19.
„Црвено – црните“ поради позитивни случаи на Ковид-19 мора да се вратат во Македонија и нема да настапат на Фајнл-фор турнирот.
Според правилата на ЕХФ позитивните ракометари одат во изолација, но хрватските власти не им дозволуваат на останатите ракометари да патуваат за Задар и мораат да се вратат во Македонија.
Сега се очекува на местото на Вардар против Мешков Брест да игра тимот на Загреб.