Дома Топ вести Шокантна најава: Ибрахимовиќ се враќа во Премиер лигата!?

Шокантна најава: Ибрахимовиќ се враќа во Премиер лигата!?

Изненадувачки најави ни пристигнуваат од американските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наводно, Златан Ибрахимовиќ може да се врати во Премиер лигата!

Ибрахимовиќ од кога пристигна во САД привлекува огромно внимание како со настапите на теренот, така и со секогаш интересните изјави, а сега дел од медиумите пишуваат дека би можел да го напушти Лос Анџелес за да се врати во Премиер лигата и тоа во – Манчестер Јунајтед.

Американците пишуваат дури и дека некои неофицијални разговори се веќе одржани и на истите Швеѓанецот изразил желба да се врати во Англија.

Ќе потсетиме, Ибра неодамна беше гостин во тренинг кампот на Манчестер Јунајтед.

Секако, поради тоа што летниот преоден рок во Англија заврши на 9-ти август евентуалното враќање на Ибрахимовиќ се најавува за јануари.

Покрај Ибрахимовиќ се најавува дека тогаш Јунајтед ќе изврши и „напад“ на Тоби Алдервилд од Тотенхем и Вилијан од Челзи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…