Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Шмајхел: Судијата го реши натпреварот со огромна грешка

Шмајхел: Судијата го реши натпреварот со огромна грешка

Легендарниот Петер Шмајхел во разговор за „беИН СПОРТ“ го коментираше спорниот пенал со кој Данска беше елиминирана од Англија во полуфиналето на Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Судијата направи огромна грешка за која долго ќе се зборува. Тешко е да се прифати ова затоа што не беше пенал. Ќе бев многу поопуштен ако Англичаните искористена некоја од шансите кои ги имаа, за жал судијата одлучи натпреварот со голема грешка“.

„Телефонот не престанува да ми ѕвони, а видов и што мислат останатите експерти. Дефинитивно не беше пенал“, изјави Шмајхел.

Ќе потсетиме, првиот голман на Данска Каспер Шмајхел е неговиот син.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Навивачи грабнаа репортер и го фрлаа во воздух: Ова е најлудата сцена на Мундијалот (Видео)

Во Мексико владее невидена возбуда. Домашните навивачи се во потполна екстаза откако репре…