Дома Фудбал Шмајхел „спушти“ англиски новинар: Дали некогаш трофејот бил дома? 🎥

Шмајхел „спушти“ англиски новинар: Дали некогаш трофејот бил дома? 🎥

Англија во второто полуфинале на Европското првенство вечерва на „Вембли“ ќе ја пречека Данска.

Пред овој натпревар зборуваше голманот на данската репрезентација, Каспер Шмајхел кој прилично „спушти“ еден англиски новинар. Англичаните често ја споменуваат фразатa „It’s coming home) алудирајќи на тоа дека трофејот би требало да се врати онаму каде што и фудбалот започна.

Еден англиски новинар се обиде да го испровоцира данскиот голман така што го праша како мисли да го запре враќањето на трофејот дома. Каспер имаше спремено одговор.

„Дали некогаш бил дома? Не знам дали сте го освоиле некогаш?“.

Англија никогаш претходно не се пласирала во финале на Европско првенство, а ќе видиме дали тоа ќе го направи вечерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осум гола на десет меча, но Раимондо знае што му недостига за Италија

Напаѓачот на Фрозиноне има одличен голгетерски учинок, но за првиот сениорски повик сака д…