Дома Фудбал Англија Шмајхел објасни зошто Погба е најголемиот проблем на Манчестер Јунајтед

Шмајхел објасни зошто Погба е најголемиот проблем на Манчестер Јунајтед

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Петар Шмајхел смета дека слабите настапи на Пол Погба се главната причина за лошите резултати на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед во вчера ремизираше со Арсенал во седмото од Премиер лигата (1:1) и во овој момент се наоѓа на 10-тата позиција со девет освоени бодови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со тоа продолжија лошите резултати на тимот на Оле Гунар Солскјер, а Шмајхел нема дилеми каде е најголемиот проблем.

„Погледнете како екипата игра кога Погба е на теренот, колку е тоа по бавно…Тој во првите 25 минуту против Арсенал цело време ја враќаше топката назад, а тоа за играч од негов калибар е разочарувачки. Изгледа како Погба да е проблематичното дете во тимот. Не кажувам дека се прави погрешно, но не ми е јасно која е неговата улога. Што тој прави за тимот!?“, изјави Шмајхел.

Погба на шест натпревари за Јунајтед не постигна ниту еден гол.

„Никој од навивачите не е задоволен, 75.000 фанови на стадионот не се среќни поради неговите настапи. Може да се забележи дека повеќе е омилен, а тоа е така зошто не прави ништо на теренот“, смета легендарниот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…