После две децении уште од времето на Слога Југомагнат (1991-2001) на Чаир се слави титула, Шкупи и официјално е нов македонски шампион откако со 2:0 ја победи Ренова во во 29-тото коло.
Најдобриот стреле во ПМФЛ Сандеј Адетунџи на десет минути до крајот го постигна својот 19-ти гол и ја обезбеди победат. Кевен да Силва во самиот финиш само ја потврди победата и ја обезбеди долгоочекуваната шампионска круна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шкупи со овој триумф избега на недостижни 13 бодови од Академија Пандев и на четири кола пред крајот се крунисаа во нови шампиони.
Фото: ФК Шкупи