Со оглед на можните противници македонскиот шампион Шкупи доби посакуван ривал во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
На ждрепката во Нион за противник Шкупи го доби Линкоолн Ред Импс од Гибралтар. Чаирчани имаа среќа да ги избефнат Шериф Тираспол, Слован Братислава и Карабах, па добија „полесен противник“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, Линколн никако не смее да се потцени тие минатата сезона беа една од поголемите сензации во европскиот фудбал и станаа првиот клуб од Гибралтар кој играл во групна фаза од натпреварување на УЕФА, се пласираа во Конференциската лига.
Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 5. или 6. јули, додека реваншот е на 12 или 13. јули.
Фото: ФК Шкупи