Шкендија денес го претстави петтото засилување зимава и тоа веројатно е најголемото. За актуелниот шампион на Македонија потпиша Ес Сахел кој е младински репреентативец на Франција во селекциите до 17 и 18 години.
Сахел ги помина лекарскте прегледи и стави потпис на договор со Шкендија до 2023 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Шкендија ме привлече поради титулите во првенството и купот, но играњето во плејофот во Лигата на Европа. Ова е најдобриот клуб во Македонија, одлично сум пречекан и се надевам дека ќе оставам белег. Мое е да ветам дека ќе дадам се од себе за црвено-црниот дрес“, изјаив Ес Сахел.
Инаку, во медиумите се шпекулираше дека за овој играч интерес покажале екипи како Бенфика, Аталанта, Вулверхемптон и Стоук. Ако навистина бил на радарот на овие екипи тогаш очекувањата од него во Тетово се големи.