Веспрем пред неколку дена објави дека потпиша договор со Данил Шишкарев.
Шишкарев ќе го напушти Вардар после шест години. Причината поради која си заминува е неизвесната иднина на клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не ми беше лесно да донесам одлука. Навикнат сум на Скопје и Вардар, моето семејство се навикна на Македонија. Кога клубот е во ваква истуација со неизвесна иднина, невозможно беше да ја одбијам понудата на Веспрем. Ќе повторам, одлука беше многу тешка“, изјави Шишкарев.
Шишкарев имал и други понуди, но на крајот го избрал Веспрем. Во унгарскиот тим тој оди во позната средина затоа што ќе се сретне со поранешните соиграчи: Дејан Манасков, Рожерио Мораеш, Арпад Штербик, Вуко Борозан, Хорхе Македа и тренерот Давид Дејвис кој исто така беше дел од Вардар.