Премиерлигата денеска промовираше шест нови фудбалери кои влегоа во „Куќата на славните“ на најдобрата англиска лига.
Првите пет легенди кои влегоа во ова елитно друштво беа Ерик Кантона, Стивен Џерард, Алан Ширер, Рој Кин и Денис Бергкамп.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во март им се придружија уште двајца легендарни фудбалери, Вејн Руни и Патрик Виеира, а Премиер лигата избра уште шест „величенствени“.
Новите ѕвезди на „Куќата на славните“ се Серхио Агуеро и Винсан Компани од Манчестер Сити, легендите на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс и Питер Шмајхел, иконата на Челзи, Дидие Дрогба и миленикот на „топчиите“, Јан Рајт.