Aукциската куќа „Sotheby“ продаде шест дресови кои ги носеше капитенот на Аргентина, Лионел Меси на минатогодишното Светско првенство во Катар за 7.2 милиони евра.
Минатата година, Меси ја водеше Аргентина до титулата светски шампион.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тие историски дресови се еден од најважните спомени во историјата на спортот и поврзани се со врвот на кариерата на еден од најдобрите на сите времиња“, објасни претставникот на аукциската куќа, Брахм Вачер.
Ќе потсетиме, Меси пред една година со Аргентина стигна до светската титула и така стана еден од најуспешните фудбалери на сите времиња освојувајќи се што може да се освои.