Шеикот Хамад ал-Тани доколку успее да го купи Манчестер Јунајтед сака да започне револуција на „Олд Трафорд“ со доведување на Нејмар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Катарецот вчера ја испрати финалната понуда од 5.5 милијарди фунти, притоа тој обезбедил средства за реконструкција на „Олд Трафорд“ и големи инвестиции за засилувања на тимот.
Во моментов Ал Тани е фаворит за купување на Манчестер Јунајтед, а медиумите тврдат дека прво засилување може да биде Нејмар.
ПСЖ е спремен да го продаде Бразилецот на лето, но само мал број клубови можат да си ја дозволат неговата висока плата.
„Сан“ тврди дека самиот Нејмар има желба да заигра во Премиер лигата, а новите сопственици на Јунајтед нема да имаат проблем да обезбедат финансии за неговиот трансфер.