Дома Фудбал Останато Швајнштајгер дури од сега има понуда за нова работа

Швајнштајгер дури од сега има понуда за нова работа

Легендарниот германски фудбалер, Бастијан Швајнштајгер најави дека си заминува во пензија.

По 20 години во професионалниот фудбал, некогаш одличниот играч за врска донесе одлука дека оваа сезона во МЛС лигата за него ќе биде последна, а тоа со фановите го сподели на социјалните мрежи. Иако Германецот изјави дека по завршување на кариерата сака да се посвети само на своето семејство, медиумите во Германија веќе го гледаат во тренерските води. Да најде нов ангажман за него нема да биде ниту малку тешко, бидејќи уште од сега вратите во германската репрезентација му се отворнеи.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„За Бастијан секогаш ќе има место тука. Не знам какви се неговите планови, но секогај поранешен играч кој сака да стане тренер, да даде свој допринос или да води некој помлад тим е добредојден“, изјави селекторот Јоаким Лев.

Во текот на својата богата кариера, Швајни освојуваше разни трофеи, најмногу ги имаше со Баерн, а со репрезентацијата на Германија го освои Светското првенство 2014. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Влаховиќ ќе „слета“ во Англија и ќе се бори за титула во Премиер лигата

Како што пренесуваат англиските медиуми, во јануари повторно ќе бидат почнати преговори од…