Дома Фудбал Англија Чудо во Англија: Им требаше победа од 7:0 за пласман во повисок ранг и ја остварија!

Чудо во Англија: Им требаше победа од 7:0 за пласман во повисок ранг и ја остварија!

Tимот на Бристол Роверс на неверојатен начин се избори за пласман во Лига 1, третото по ранг натпреварување во Англија.

Во последното коло од Лига 2 на овој тим му беше потребна победа од седум гола разлика за да го прескокне Нортемптон на третата позиција, последната која води директно во повисок ранг.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако изгледаше неверојатно успеаа да слават со седум разлика и тоа со 7:0. На полувремето резултатот беше 2:0, а Норетемптон во тој период водеше со 3:1. До крајот Роверс постигна уште пет гола, а Нортемптон не ја погоди противничката мрежа, па така Бристол се промовираше во нов член на Лига.

Двата тима имаат по 80 бода и гол идентична гол разлика од +22, а Бристол оди во Лига 1 поради повеќе постигнати голови, тие имаат 71, а Нортемптон 60.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…