БАРСЕЛОНА го освои трофејот Жоан Гампер победувајќи го Тотенхем со 4:2 во пријателски натпревар.
Поведоа преку Роберт Левандовски во третата минута, а потоа Англичаните направија пресврт преку Оливер Скип, кој погоди во 24. и 36. минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тотенхем водството го одржуваше до 81. минута. Барселона израмни преку Феран Торес во 81. минута, а Ансу Фати погоди за нов пресврт во 90.
Абде Езалзули во 93. ги постави конечните 4:2.
Во 80. минута Чави го внесе Ламине Јамал наместо Ерик Гарсија и на тој начин направи пресврт.
Јамал асистираше до Торес во 81. минута и беше најдобриот поединец на Барселона до крајот на натпреварот.
Тој до крајот на натпреварот учествуваше во останатите голови, а навивачите на Барселона беа воодушевени по неговата игра. Шпанецот Јамал е по потекло од Мароко и е дете на Барселона.
Lamine Yamal vs Tottenhampic.twitter.com/wYW6C9tfWy
— Mati (@MoleiroRole) August 8, 2023