Maнчестер Јунајтед во Премиер лигата го претрпе десеттиот пораз оваа сезона и тоа од Фулам со 1:2, а некогаш незамисливо во таква ситуација беше да се види радост кај легендарниот Сер Алекс Фергусон.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Фергусон кој беше далеку од „Олд Трафорд“ вчера со својот коњ учествуваше на трка во Саудиска Арабија каде што и однесе голема победа. Неговото седмогодишно грло ја освои првата награда и според пишувањата тоа за Фергусон значело награда од околу 1.7 милион фунти.
На социјалните мрежи се појави и снимка како Фергусон се радува со своите соработници на големата победа.
„Го живеам сонот 100%. Неговиот тренер ми кажа дека има големи шанси, но не можете да бидете премногу самоуверени во ваква трка. Беше фантастично. По триумфот во Бахерин и доаѓањето на ова ниво…апсолутно неверојатно“, изјави Фергусон.
Како што е познато, Фергусон е голем љубител на коњските трки и очигледно веќе сериозно е влезен во овој спорт.
Another Middle East celebration for Sir Alex Ferguson as SPIRIT DANCER wins the G2 Neom Turf Cup!!! 💪🏼#SaudiCup pic.twitter.com/3rUI5wcGL9
— World Horse Racing (@WHR) February 24, 2024