Дома Македонски спорт Мак фудбал Чудната ситуација на Ристовски и Велковски: Стандардни за Македонија, а во клубовите добиваат „трошки“

Чудната ситуација на Ристовски и Велковски: Стандардни за Македонија, а во клубовите добиваат „трошки“

Македонските фудбалери Дарко Велковски и Стефан Ристовски се наоѓаат во навистина чудна ситуација.

Имено, Ристовски и Велковски се стандардни репрезентативци на Македонија и не можеме да кажеме дека не играат на нивото на кое е потребно. Тие играат и ја оправдуваат довербата која ја добиваат од Ангеловски, меѓутоа во клубовите скоро и да немаат минутажа.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


На оваа тема неодамна пишуваа и хрватските медиуми

„Велковски е една енигма. Пред две години дојде како големо засилување, а игра многу малку. Прво проблем беа повредите, но потоа не успеа да се наметне дури кај три тренери. На последниот натпревар не беше ниту на клупата. Најчудно е што Велковски е стандарден во репрезентација и за година ипол има повеќе настапи за Македонија отколку за Ријека“, пишуваа хрватските медиуми минатиот викенд.

Овој викенд пак Велковски беше во тимот на Ријека, меѓутоа натпреварот против Хајдук го проследи од клупата за резерви.

Ристовски пак кој одигра солидни натпревари со Израел и Австрија изгледаше дека ќе се врати во тимот на Спортинг, но во португалскиот тим за него на последниот натпревар немаше место ниту на клупата.

Кога ќе погледнеме наназад во сезоната Ристовски пред Австрија и Израел одигра два натпревари, на еден беше на клупата, а од кога ги одигра натпреварите за селекцијата не доби повик. Навистина чудно и засега не можеме да кажеме каде е проблемот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…