Дома Фудбал Чорлука ќе му биде асистент на Далиќ на Европското првенство

Чорлука ќе му биде асистент на Далиќ на Европското првенство

Поранешниот хрватски репрезентативец, Ведран Чорлука ќе биде дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Хрватска.

Оваа информација за хрватските медиуми ја потврди и претседателот на Хрватската фудбалска федерација, Давор Шукер.

„Ведран Чорлука е човек со неверојатна кариера во репрезентацијата. Токму затоа одлучивме тој да му биде асистент на Златко Далиќ за Европското првенство кое следува. Ова е одлука која ја донесовме заеднички со Златко. Среќен сум што Чорлука ќе биде во тимот, очекувам да биде од голема помош“, изјави Шукер.

Треба да споменеме дека Чорлука се уште активно игра фудбал и тоа во Русија во тимот на Локомотив Москва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исејни избра 21 фудбалер: Македонија во Трабзон ќе брка место во Лига А

Македонската селекција до 17 години ги почнува квалификациите на 11 ноември против Унгариј…