Дома Топ вести Човек за еден клуб: Новиот договор за Меси е спремен!

Човек за еден клуб: Новиот договор за Меси е спремен!

Лионел Меси има договор со Барселона до 2021 година, но клубот веќе спреми нова понуда за Аргентинецот. Сакаат Меси кариерата да ја заврши во Барселона, но и после пензионирањето да остане во клубот.

Претседателот на Барселона Хозе Мариа Бартомеу во разговор за „ЕСПН“ порача дека Барселона го спремила новиот договор за аргентинскиот мајстор Лионел Меси (31). Тие ќе се обидат да го задржат Меси на „Ноу Камп“ до крајот на кариерата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентинецот кон крајот на 2017 година потпиша договор со Барселона до 2021 година, но во клубот сакаат да дополнително да се обезбедат.

„Лионел ги сруши сите граници, сите му се воодушевуваат, дури и противничките играчи. Идејата е да му понудиме нов договор. Меси е млад, сите гледаме што се може да направи, а има само две години до крајот на договорот. Лео секогаш напредува и верувам дека пред нас се повеќе години успешна соработка“, изјави Бартомеу.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во Барселона пристигна на 13 години. Во дресот на каталонскиот гигант освои дури 32 трофеи од кои четири во Лигата на шампионите и девет во шпанското првенство. Собори низа рекорди и стана најдобар стрелец во исторјата на клубот со 594 постигнати гола на официјалните натпревари.

„Меси ја промени историјата на Барселона. Тој секогаш го одржува клубот на врвот. Тој е човек за еден клуб. Односот со Барселона е многу повеќе отколку само на теренот, тој е вечен. Сакаме да остане во клубот и после завршувањето на кариерата“, нагласи првиот човек на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Онана му подари гол на Плзен, но Јунајтед победи

Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета победа во Лига Европа откако направи пресврт …