Дома Фудбал Човекот од фотографијата на кој му се восхитува цела Британија стана член на Манчестер Сити

Човекот од фотографијата на кој му се восхитува цела Британија стана член на Манчестер Сити

Во морето фудбалски трансфери, ова лето се случи необичен трансфер во англиската Премиер лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


И додека гигантите вообичаено издвојуваат десетици, па и стотици милиони евра за неопходните засилувања во тимот, Манчестер Сити претстави необично засилување за новата сезона, а се работи за лице кое е задолжено за уредување на теренот.

Џон Ледвиџ е веројатно некој за кој не сте слушнале, но многупати сте имале можност да уживате во неговата работа. Имено, овој човек 10 години управувал со теренот на Лестер и е препознатлив по необичниот изглед на тревникот на Кинг Пауер.

Тој му се приклучи на Лестер претходно од Ковентри Сити и стана познат по сложените дизајни на теренот користени за време на победничката сезона на Лестер во Премиер лигата во 2016 година, како и во претходните сезони.

Правилата на лигата го спречија, бидејќи беше најавено дека не се дозволени дизајни, односно имаше јасни правила како треба да се уредува тревата.

Објавувајќи го своето заминување на социјалните мрежи, Леџвиџ напиша: „По речиси 10 години, мојот период во Лестер Сити завршува и ме чека ново поглавје во Манчестер Сити. Колку посебно место е ова и засекогаш ќе има место во моето срце! Овде изградивме нешто навистина посебно и тоа е заслуга на секој член на мојот тим“. – изјави тој по заминувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лаутаро му одговори на Мурињо и шокираше: Кога ќе се пензионирам, ќе исчезнам!

Капитенот на Интер не припаѓа на типичното фудбалско опкружување. Зошто проблемот со уличн…