Дома Фудбал Италија Човекот кој го лансираше во Италија: Дибала во јануари оди во Шпанија

Човекот кој го лансираше во Италија: Дибала во јануари оди во Шпанија

dybala

Паоло Дибала не ја започна новата сезона онака како што се очекуваше, Аргентинецот на стартот од сезоната стартер беше само на еден натпревар.

После три кола Дибала кој се очекуваше да игра во тандем со Роналдо на теренот помина 100 минути од можни 270.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес сопственикот на Палермо, Маурицио Зампарини смета дека Дибала ќе го напушти Јувентус и тоа веќе во јануари.

„Уште пред две години го советував да оди во Шпанија, Ла Лига е идеална за неговиот стил на игра. Мислам дека ќе го напушти Јувентус уште во јануари и ќе го следи мојот совет за преселбата во Шпанија“, изјави Зампарини.

Треба да се потсети дека токму Зампарини го лансираше Дибала во Италија кој во Палермо помина три сезони, за во 2015 година да го облече дресот на Јувентус.

Голем интерес за Дибала во летниот преоден рок покажуваше тимот на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…