Kaљари со голот на Пиволети во 94-тата минута го победи Бари и се врати во Серија А, а ова беше еден посебен успех за искусниот италијански стратег Клаудио Раниери.
Раниери на почетоците на својата тренерска кариера во 1988 година пристигна во Каљари додека тимот беше во Серија Ц и под негово водство стигнаа прво до Серија Б, а потоа и до Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Минатата година во декември 71-годишниот стратег се врати во Каљари и сега повторно успеа да го донесе тимот во друштвото на најдобрите. Кога Раниери пристигна тимот беше на 14-тата позиција, а со него успеа да врзе 10 натпревари без пораз и на 24 натпревари загубија само двапати.
Во плеј-офот вчера го победија Бари со гол во 94-тата минута, претходниот дуел заврши 1:1. Раниери по натпреварот не можеше да ги задржи емоциите, па плачеше како мало дете.
Најголемиот успех во кариерата, Раниери го направи кога со Лестер сензационално успеа да ја освои Премиер лигата.
Claudio Ranieri with tears of joy as Cagliari is promoted back to Serie A under his leadership #Ranieri 🔴⚫pic.twitter.com/FPRxQX1XBY
— World Soccer Talk (@worldsoccertalk) June 11, 2023