УЕФА оваа сезона одлучи да воведе нов систем на натпреварување во Лигата на шампионите во кој ќе се натпреваруваат 36 екипи.
Првата фаза ќе биде во лигашки систем, а секоја екипа ќе одигра осум натпревари. Првите осум од двете групи ќе продолжат во осминафиналетго, додека екипите од 9. до 24. позиција ќе играат бараж.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, сега се појави чилеанскиот спортски конзултат, Леандро Шара кој се закани со тужба до претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Шара тврди дека тој го смислил таквиот систем пред десет години, го патентирал и го заштитил. Сега е убеден дека неговата идеја е украдена.
„Ја искористија нашата работа. Ни кажаа дека нема да го земат овој систем. Не барам јас богатство, само своите права. Креатор сум на овој формат, тоа го препозна и ФИФА. Ќе се борам со сите сили да ја исправам оваа неправда“, изјави Шара.