Дома Фудбал Репрезентации Чешка ја фрли Италија на колена: Донарума матиран со проектил од 30 метри (видео)

Чешка ја фрли Италија на колена: Донарума матиран со проектил од 30 метри (видео)

Големо изненадување во Полска. Чешка ја прегази Италија и дојде до првата победа на Европското првенство за репрезентации до 21 година со 3:1.

Натпреварот го одбележа фантастичниот погодок на Михаил Лифтнер од 30 метри, кога Џанлуиџи Донарума и по трет пат мораше да ја вади топката од својата мрежа, со што беше крунисана одличната игра на чешките младински репрезентативци.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Чесите одиграа одличен натпревар, поведоа во идеално време преку Михаил Травник, после што Азурите мораа да напаѓаат со сите свои сили, но изгледа дека при таквата иницијатива и премногу се изморија. Составот на Луиџи Ди Бијаџо конечно изедначи во 70-та минута преку Доменико Берарди, но Чесите имаа кец во ракавот. Марек Хавлик само девет минути подоцна со погодок ја круниса одличната акција на својот тим и повторно ја врати Чешка во водство.

Сепак, најубавото Чесите го зачуваа за крајот. Лифтнер ја повлече топката уште од својата половина, на 30 метри од голот на Донарума распали со жесток удар како од катапулт. Донарума се испружи колку што е долг, но беше немоќен пред импресивниот удар на Чехот.

Италија сега е на раб на елиминација, бидејќи ќе мора да се вади против Германија. Чесите против Данска ќе се обидат да стигнат до полуфинале, но за тоа треба да им се совпаднат и другите разултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ПОСЛЕ УЖАСНАТА ПОВРЕДА НА ЕКИТИКЕ: Ливерпул пронајде нов напаѓач!

Уго Екитике ја повреди Ахиловата тетива и нема да игра за Ливерпул до јануари 2027 година,…