Во разговор за „Глобо“ претседателот на УЕФА Александар Чеферин најави дека Европската куќа на фудбалот сака во Лигата на Нации да се натпреваруваат и репрезентации од Јужна Америка.
Не е исклучено во иднина да ја гледаме Македонија во Лигата на Нации против селекции како Бразил, Аргентина, Уругвај…До овој момент тоа се вртеше само низ медиумите, меѓутоа сега идејата јавно ја потврди Чеферин.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Откако ја создадовме Лигата на Нации репрезентациите повеќе не играат притијателски натпревари. Големите тимови не играат со Бразил и Аргентина, а ни кажуваат дека сакаат да играат. Би било навистина добро во Лигата на Нации во некаков формат да се вклучат и селекциите од Јужна Америка, работиме на оваа идеја“, изјави Чеферин.
Секако би било интересно Македонија да ја гледаме против селекциите од овој континент.