Дома Фудбал Останато Чеферин најави промени на офсајдот: Сега ако имаш голем нос влезен си во офсајд!

Чеферин најави промени на офсајдот: Сега ако имаш голем нос влезен си во офсајд!

Првиот човек на Европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин зборуваше за ВАР технологијата и најави промени при офсајд правилата.

ВАР системот во фудбалот предизвика серија на контроверзни ситуации посебно тоа се однесуваше на офсајд позициите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Чеферин најави дека се очекуваат одредени промени кога станува збор за офсајд позиции и ќе се толерираат одредни ситуации од 10 до 20 сантиметри.

„Гледаме ситуации во кои играчите се во линија, а се суди офсајд. Денес, ако имаш долг нос, влезен си во офсајд. Ќе видиме нацртани линии и конечна одлука, но кој ги црта тие линии? ВАР судиите, што значи дека повторно е субјективно и не можеме да бидеме стопроцентно сигурни во нивната точност. Затоа, нашиот предлог ќе биде да се направи толеранција за офсајд од 10-20 сантиметри“, изјави Чеферин.

За првиот човек на УЕФА дискутабилни се и ситуациите на игра со рака во казнетиот простор.

„Имавме форум на елитни тренери пред две недели во Нион. Дојдоа Клоп, Гвардиола, Алегри, Анчелоти, Зидан и сите топ тренери од Европа, па нашиот прв човек на судиите, Роберто Росети им покажа играње со рака и ги праша, „Дали ова е играње со рака?“. Половина од собата кажаа ДА, половина рекоа НЕ. Па кажете ми, колку се јасни правилата? Не знаеме ништо!“, истакна Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…