Петседателот на Чиле, Себастијан Пињера, објави дека неговата земја подготвува заедничка кандидатура за Светското првенство во 2030 година со Аргентина, Уругвај и Парагвај.
„Пред неколку месеци, предложив на претседателите на овие три земји да се приклучат на апликацијата на Чиле и да поднесеме заедничка кандидатура за Светското првенство. Предлогот беше одобрен“, пишува Пињера на Твитер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За заедничката кандидатура било разговарано со јужноамериканската фудбалска федерација КОНМЕБОЛ и беше одобрена.
Првобитниот план беше Аргентина, Парагвај и Уругвај да поднесат кандидатура, но накнадно им се приклучи и Чиле, кој беше домаќин на мундијалскиот собир во 1962
Со организацијата во 2030 година, земјите сакаат да одбележат еден век од одигрувањето на првото Светско првенство во Уругвај во 1930 година.
Желбите да бидат домаќини на Светското првенство 2030 година го искажаа со заеднички кандидатури Мароко, Шпанија и Португалија, како и Србија, Грција, Бугарија и Романија.
Наредниот Мундијал се игра во Катар во 2022 година, а четири години покасно заедно ќе го организираат САД, Мексико и Канада.
Од 2026 година, бројот на земји што учествуваат на светските шампионати ќе се зголеми на 48.