Дома Фудбал Четири потписи во Барселона

Четири потписи во Барселона

Екипата на Барселона синоќа објави дека четири играчи потпишале нови договори.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Договор за продолжување на соработката со каталонскиот великан потпишале Пике, Тер Штеген, Ленгле и Де Јонг.

Пике договорот го продолжи до 2024. година, една година подолго во клубот ќе остане германскиот голман Тер Штеген, додека до 2026. година потпишале Легле и Де Јонг.

Очигледно е дека Барса околу овие фудбалери планира да ја гради иднината на екипата, а останува да видиме дали во следниот период ќе биде продолжен уште некој договор.

Нормално, сите погледи се свртени кон Лионел Меси, кој може да замине на крајот од сезоната како слободен играч. Клубот се надева дека и тој може да остане, но останува да видиме дали тоа ќе се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никој не го очекуваше ова од Дембеле на крајот од натпреварот во Минхен, а најмалку ѕвезда на Барселона (Видео)

ПСЖ се пласираше во големото финале на Лигата на шампионите каде ќе ја брани титулата шамп…