Дома Фудбал Англија Челси повторно тропа на вратата на Рома, но сега со друга причина

Челси повторно тропа на вратата на Рома, но сега со друга причина

Се сеќавате ли на претходната зима и обидите на Челси за ангажман на Џеко? Сините една година подоцна повторно ќе тропнат на вратата на Рома, но со друга идеја.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој пат, на метата на Челси е Ченгиз Ундер, турски фудбалер на кој му се предвидува блескава кариера и кој полека израснува во еден од најдобрите офанзивци во Серија А.

Челси има план на Рома да и го понуди Андреас Кристенсен и дополнителни 35 милиони евра за услугите на Ундер, но прашање е дали римскиот клуб ќе ја прифати таа понуда.

Што и да се случи, уште сега може да се констатира дека Рома богато ќе заработи на овој фудбалер, кој летото 2017 година го донесе за само 13.5 милиони евра.

Ундер оваа сезона настапи на 14 натпревари за Рома и запиша три гола и пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голманот кој е „српски зет“ блесна на Мундијалот, па ја „пецна“ сопругата: Сега конечно ја надминав!

Меѓу најзабележливите фигури досега на Светското првенство во фудбал е голманот на Курасао…