Дома Трансфер зона Челзи ја одреди цената за напаѓачот – на потег се „милионерите“

Челзи ја одреди цената за напаѓачот – на потег се „милионерите“

Тимот на Челзи ова лето ќе претрпи големи измени бидејќи најверојатно нема да настапува во Лигата на шампиони, а на „Стенфорд Бриџ“ ќе пристигне и нов тренер.

Челзи на лето најверојатно ќе го продаде Мичу Батчуаи, кој е на позајмица во Борусија Дортмунд и за него повеќе нема место во тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Батчуаи одлично се покажа во дресот на „милионерите“ и на 14 натпревари постигна 9 гола, па германскиот клуб сака да го задржи во своите редови 24-годишниот Белгиец.

Во договорот помеѓу двата клуба нема клаузула со која Дортмунд може да го откупи на крајот на сезоната, но „сините“ веќе ја одредија цената за напаѓачот.

Англиските медиуми тврдат дека Челзи за Белгиецот ќе бара 50 милиони фунти (57 милиони евра), сума која германскиот клуб најверојатно ќе се согласи да ја плати.

„Милионерите“ го продадоа Обамејанг за 70 милиони евра, па значителен дел од таа сума ќе ја потрошат за потписот на Батчуаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…