Челзи сака да го засили нападот во летниот преоден рок, а најнова мета е италијанскиот репрезентативец Донемико Берарди.
Берарди одигра одлична сезона во Сасуоло, постигна 17 гола, а добри партии покажа и на ЕУРО.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сасуоло е спремен да го продаде ова лето, а за неговата слобода бара 40 милиони евра, сума која Челзи е спремен да ја плати.
„Сините“ првично покажаа интерес за Федерико Киеза, но Јувентус одбива да го продаде, па сега ќе се насочат кон Берарди.
Интерес за Италијанецот покажуваат уште Милан и Борусија Дортмунд, но Челзи во моментов е во пол-позиција за неговиот потпис.